Значителен пад на цената на нафтата на светските берзи, доларот зајакнува

На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително се зголеми, откако минатата недела зајакна за околу 0,5 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 107,18 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 106,90 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 140,35 на 140,45 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0298 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0325 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително паднаа, откако минатата недела потонаа за речиси 10 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 1,05 отсто, на 86,70 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,10 отсто, на 79,20 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Се променија цените на горивата: Македонија и натаму меѓу земјите со најевтини горива во Европа

BiznisPRO

SEC го одобри првиот Bitcoin ETF: Еве кои компании ќе го издаваат и што ќе се случи со цената на криптовалутата сега

BiznisPRO

Американ ерлајнс купува 260 нови авиони од Боинг, Ербас и Ембраер поради зголемената побарувачка

BiznisPRO