Изминатото деноноќие произведени се 15.179 MWh електрична енергија и целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 12.12.2022 година произведе 15.179 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 12.933 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.246 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 12.12.2022 година

Можеби ќе ве интересира...

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

BiznisPRO

Летната сезона ќе ја одбележи поскапување на авио билетите!

BiznisPRO

Отпуштања во позната компанија: Во LinkedIn стотици луѓе останаа без работа

BiznisPRO