Новогодишно изненадување од новиот мобилен оператор

Добиј дополнителен почетен кредит со секоја нова mSTART картичка и подготви се за одлична забава во празничните денови со новата промотивна понуда од МТЕЛ.

Во пресрет на празниците МТЕЛ ја дополни својата одлична понуда кон припејд корисниците доделувајќи им екстра почетен кредит. До 31 декември сите оние кои ќе се подноват со mSTART припејд картичка од МТЕЛ ќе добијат повисок почетен кредит.

Со секој mSTART 14 картичка наместо досегашните 50 денари добивате 200 денари почетен кредит, додека со mSTART 20 наместо досегашните 100, добивате 300 денари почетен кредит.

Покрај дополнителниот кредит како и досега со mSTART припејд картичките корисниците добиваат и ексклузивен пристап до МТЕЛ мобилните апликации mPLAY TV и Balkan Myusic. На апликацијата Balkan Myusic можете да уживате најголемите балкански хитови и најслушаните музички артисти од регионот, но и да креирате свои плејлисти. А, со mPLAY TV, на својот мобилен можете да ги гледаат најпопуларните серии и филмови од регионот, како и ТВ во живо.

Својата нова mSTART картичка може да ја купите во продажните салони на МТЕЛ во Скопје и Куманово или преку мрежата на овластени партнери на МТЕЛ ширум државата.

Можеби ќе ве интересира...

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): втор квартал на 2023 година

BiznisPRO

Историски договор: Градот вреден 35 милијарди долари ќе привлече 8 милиони туристи

BiznisPRO

Брашното во Украина поевтини

BiznisPRO