Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 8.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат намалување во просек: кај бензините за 2,388%, кај дизелот за 0,749%, кај екстра лесното масло
за 0,883% и кај мазутот зголемувања за 1,191%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е повисок за 0,944%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 ден/кг и сега ќе изнесува 42,197 ден/кг.

Од 14.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 42,197 (денари/килограм)

Можеби ќе ве интересира...

Добра вест: Се намалува цената на горивата во Македонија – ова се новите цени

BiznisPRO

ПАДНА ОДЛУКА: Дизелот поскапува, бензинот поевтинува – еве колку ќе чини литар гориво оваа недела

BiznisPRO

Наместо на полици, маслото го криеле во магацин – 17.000 евра казна за маркетот кој ги условувал купувачите да направат сметка од 800 денари за да добијат масло

BiznisPRO