Ни доаѓа продолжен викенд, а ова се преостанатите неработни денови за 2023

Следниот неработен ден е први мај кој се паѓа во понеделник со што практично не’ очекува уште еден продолжен викенд.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ
• 1 мај (понеделник), Ден на трудот

• 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 2 август (среда), Ден на Републиката,

• 8 септември (петок), Ден на независноста,

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 10 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Можеби ќе ве интересира...

Се токмат нови цени на горивата во Македонија – Ќе поскапат ли?

BiznisPRO

ЦРН ПЕТОК: Колку се реални попустите во продавниците – поевтинета само застарена роба, новите артикли и натаму со високи цени

BiznisPRO

Добра вест: Цените на горивата не се менуваат – ова се цените по кои ќе се точат бензинот и дизелот

BiznisPRO