Се стопи добивката на Макпетрол за 41 отсто

Во периодот од 01.01 до 31.03.2023 година Макпетрол АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 126,58 милиони денари, наспроти остварената во истиот период минатата година која изнесуваше 214,95 милиони денари.

Намалувањето на добивката по оданочување од 88,37 милиони денари или 41,11% е резултат на нестабилноста на цените на нафтата на светските берзи, како и на намалената вкупна продажба на енергенси од 4,88%. Дополнително врз падот на добивката значајно влијае и покачувањето на платите на вработените со цел надминување на економската криза и подобрување на животниот стандард на вработените, се вели во образложението на компанијата.

Можеби ќе ве интересира...

Драстичнo намалување: Среќна вест за дел од возачите

BiznisPRO

Обезбедена е пченица од Бугарија, се очекува деновиве и Србија да ја укине забраната за извоз, велат од Владата

BiznisPRO

Пост-ковид периодот и високата инфлација – ефекти врз стопанството и банките

BiznisPRO