Осцилации на светскиот пазар: По потезите на Кина, цената на нафтата е во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст откако Кина презеде чекори за зајакнување на својата економија.

Кина го преполови данокот на тргување со акции, што е последен во серијата обиди да го зајакне пазарот.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море се зголеми за 40 центи или 0,5 отсто и сега изнесува 84,88 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за 42 центи или 0,5 отсто и изнесува 80,25 долари.

– Вниманието на пазарот денеска е насочено кон кинеските мерки за поддршка на економијата – нагласи пазарниот аналитичар од банката „Саксо“ Оле Хансен.

Можеби ќе ве интересира...

Готовина или картичка? Еве што велат Швајцарците

BiznisPRO

Падна одлука во РКЕ: Значајно намалување на дизелот

BiznisPRO

Компанија за кредитен рејтинг: „Русија можеби веќе банкротирала“

BiznisPRO