Програмерите „силно паднаа“ – Каква работна сила сега се бара во Хрватска?

Програмерите имаа најголем пад на рангирањето на најбараните занимања во Хрватска.

На листата на најбарани професии обично се наоѓаат продавачи, возачи, келнери и готвачи.

Најбарани занимања се исти како и минатиот месец – продавач, магационер, возач, келнер, готвач и сметководител, кои заедно генерирале годишно зголемување од 1,7 отсто на бројот на огласи на порталот за вработување Моја работа.

Најголем пад на рангирањето на најбараните професии доживеале програмерите, од 13 на 24 место, а најголем раст забележале лекарите, кои од 25-то место една година претходно скокнале на 12-та најбарана професија во Јули 2023 година.

Според месечниот индекс (OVI) на онлајн огласи на објавени работни места, создаден во соработка со Економскиот институт во Загреб и порталот Моја работа, индексот за јули паднал за еден процент во однос на претходниот месец.

Можеби ќе ве интересира...

Хрватската индустрија во февруари го зголеми прометот во однос на истиот период лани

BiznisPRO

Лидл отвора уште еден вид продавница во Србија

BiznisPRO

Еден грам чини 1.200 денари, а двајца пријатели од Далмација се единствените кои го одгледуваат

BiznisPRO