Се продава целиот град на крајбрежје

Австралискиот крајбрежен град Козак е ставен на продажба.

Некогаш многу луѓе живееле и работеле во бисерната индустрија во градот, но со текот на времето населението почнало да заминува во поголемите градови.

Индустријата заснована на собирање бисери започнала во Козак во 1880-тите, а до 1895 година имало 57 бродови кои вработувале повеќе од илјада луѓе.

Меѓутоа, градот бил напуштен пред 70 години и сега има само двајца жители, а тоа се Рис Остерлунд и неговата партнерка Шенон Ирвин, кои водат кафуле.

Градот е во сопственост на владата, која одлучи да го продаде. Тоа е место заведено како државно наследство, неговата површина е 22,2 хектари, има 12 заштитени објекти, а тука е и блискиот остров Јарман.

Владата јавно не ја објави цената, но приоритет имаат оние кои сакаат да го купат градот и да се фокусираат на развој на туризмот, сместувањето, кампувањето, кафулињата и галериите. Целта е закрепнување на градот и обезбедување на негово долгорочно зачувување, како и идното управување со местото.

Можеби ќе ве интересира...

Бундесбанката објави кои евро банкноти се најмногу фалсификувани

BiznisPRO

Виз ер значително го намалува бројот на летови во регионот, големи кратења на линиите од скопскиот и охридскиот аеродром

BiznisPRO

Луксузен кварт во срцето на Европа буквално никнува во морето: Распродадено – цена до 120.000 евра за метар квадратен

BiznisPRO