Работодавците од Македонија можат многу да научат од овој пример: Келнер заработил 17.000 евра за еден месец без бакшиш, еве како

Ресторани ширум Европа се соочуваат со недостиг на работна сила, но не и Мишел Пеклард од Цирих. А дека платата на келнерите не е ниска говори и фактот што еден од нив во јуни заработил околу 17.200 евра.

Па, како тоа му успеа на сопственикот на ресторанот? Благодарение на новиот начин на наградување на вработените. Имено, ресторанот кој поседува 16 локали со својот партнер, им овозможил на своите вработени да го поделат вкупниот приход со него.

Како што објаснил за еден швајцарски весник, во текот на летото, кога дури и терасите се полни со гости, мора да има што повеќе келнери на располагање. За да ги задржи, се договорил со нив да им додаде на платата сума меѓу седум и осум отсто од вкупниот приход.

– Резултатот е тоа што нашите вработени во просек добиваат од 8.000 до 12.000 франци месечно – објаснува ресторанот, кој наведува дека вработените сега имаат поголема мотивација за работа, пренесува Пословни.

– Вработените работат совесно, како самите да се сопственици на ресторанот – додава тој.

Можеби ќе ве интересира...

Боинг 737 на црната листа: Патниците го избегнуваат откако вратите му паѓаа при лет

BiznisPRO

Пад на стапката на инфлација во Германија

BiznisPRO

Германците тужат компании кои го покачуваат парното

BiznisPRO