Боинг 737 на црната листа: Патниците го избегнуваат откако вратите му паѓаа при лет

Веб-страницата за онлајн резервации за патувања „Кајак“ вели дека забележала огромен пораст во една од функциите за пребарување на летови: филтер што им овозможува на корисниците да вклучат или исклучат одредени модели на авиони од нивното пребарување – вклучително и Боинг 737.

Пребарувачот за патувања, каде што клиентите исто така можат да резервираат хотели и да изнајмат автомобили, забележа пораст од 15 отсто во користењето на филтерот за авионите 737 Max, по инцидентот на 5 јануари кога вратата на авионот на Алјаска ерлајнс падна на сред лет.

Истрагата на владата за Боинг по летот на Алјаска ерлајнс е во тек..

– Кајак го нуди филтерот од 2019 година, но по зголемената употреба, го помести филтерот за да биде повидлив за патниците кога бараат лет – изјави портпаролот на оваа компанија.

Компанијата, исто така, додаде можност за филтрирање на 737 модели на авиони Max 8 и Max 9.

Можеби ќе ве интересира...

РЕГИСТРИРАН ГОЛЕМ ПАД: Во март продажбата на електрични автомобили опадна низ ЕУ

BiznisPRO

Германија го активира планот за итни случаи: Ни се заканува драстично сценарио

BiznisPRO

На Хрватска и недостигаат најмалку 200.000 работници во сите сфери

BiznisPRO