Британскиот премиер плати речиси 600.000 евра данок

Британскиот премиер Риши Сунак платил 508.000 фунти (околу 595.000 евра) данок во последната финансиска година, покажа извештајот на неговите сметководители.

Ова е втор пат Сунак да објавува детали за своите даночни обврски откако стана премиер во 2022 година.

Податоците покажуваат дека Сунак од платата како пратеник, министер за финансии и премиер во периодот од април 2022 до март 2023 година заработил околу 129.000 евра, а од инвестиции околу 1,9 милиони евра.

Сунак е најбогатиот премиер во британската историја, пред се благодарение на неговиот претходен ангажман во секторот за финансиски услуги и семејното богатство на неговата сопруга, чиј татко ја основал индиската компанија за ИТ услуги Infosys.

Можеби ќе ве интересира...

Го продаде својот авион поради социјалните мрежи: Милијардерот Бернард Арно сака само малку од својата приватност

BiznisPRO

Binance: Биткоинот благо порасна на 40.368 евра, етериумот на 2.162 евра

BiznisPRO

За прв пат по две години: Платите растат во Германија

BiznisPRO