Доаѓаат пари за пензионерите: МТСП објави кога ќе легне дополнителната помош до 3.000 денари на сметките на македонските пензионери и загрозени граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека исплатата на помошта за пензионерите и неколку категории на граѓани ќе ја изврши на 23 февруари 2024 година.

Пари на своите сметки ќе добијат корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;
самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.

Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:

3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка; 2.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка и 1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка, велат од МТСП.

Можеби ќе ве интересира...

Пекарите ќе печат леб на поевтина струја

BiznisPRO

ЛИСТА НА СИТЕ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ВО 2023: Кога се паѓа Велигден, а кога Бајрам – Следуваат многу продолжени викенди

BiznisPRO

Септемвриските пензии ќе бидат покачени за речиси 6 отсто, за две години пораснале за 24%

BiznisPRO