Од 2,2 на 4,3 милијарди евра – Државата речиси ги дуплирала државните резерви во споредба со 2015-та година!

Според податоците достапни на јавноста.

Државата ги дуплирала државните резерви во 2024 година, а во споредба со 2015-та година.

Во 2015-та Македонија имала 2,225 милијарди евра, во 2016 – 2,6 милијарди евра.

Рекордот на државните резерви Македонија го достигна во декември лани кога истите изнесуваа 4,5 милијарди евра, а во јануари се намалија на 4,3 милијарди евра, што е речиси двојно зголемување на државните резерви во рок од неполна деценија.

Да потсетиме дека Македонија по осамостојувањето градењето на државните резерви го започна од чиста 0, за денес 23 години подоцна да бележиме постојан раст на државните резерви.

Девизните резерви на Македонија ги сочинуваат финансиските средства изразени во странски валути, сфатени во најширока смисла на зборот (странски ефективни пари, депозити во странски банки, странски хартии од вредност, монетарно злато, специјални права за влечење итн.) со кои располага Република Македонија и тие ги чува Народната Банка.

Можеби ќе ве интересира...

Coinbase „пукна“ по историскиот скок на Биткоин: Велат дека го решиле проблемот, но корисниците се уште се жалат

BiznisPRO

„Лего“ лани отвори 147 нови продавници: Погледнете колку пораснале приходите на оваа данска компанија

BiznisPRO

Во изминатото деноноќие произведени се 12.143 MWh електрична енергија

BiznisPRO