Епл симнат од тронот: Кинезите повторно први на домашен терен

Во септември, Apple ја претстави новата серија iPhone 15, но на еден пазар тие не се снајдоа баш најдобро како што се надеваа.

Во прашање е Кина, каде што се проценува дека продажбата паднала за околу 4,5% во споредба со истиот период по лансирањето на серијата iPhone 14 минатата година.

Само по себе, ова можеби не е премногу интересно, но кога се комбинира со извештаите за успехот на Huawei Mate 60 Pro во Кина, дава интригантен резултат: iPhone повеќе не е најпопуларниот паметен телефон во Кина.

Две одделни аналитичарски фирми (Jeffries и Counterpoint) потврдуваат дека iPhone сега е на второто место, зад водечкиот Huawei.

Ако овие првични проценки се покажат точни, 2023 година ќе биде најлошото кинеско деби на iPhone од 2018 година.

Оваа промена претставува единствена ситуација во која најновите телефони „јаболко“ не успеаја да го освојат кинескиот пазар, додека Huawei истовремено се засили со моделот Mate 60 Pro.

Да потсетиме дека се работи за малку „контроверзен“ модел кој има чип 5G, иако не е јасно како, бидејќи според сите показатели не би требало да го има поради американските санкции.

Можеби ќе ве интересира...

ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ИЗВРШЕНИ ВО СТРАНСТВО: Каде се работело и колку чини?

BiznisPRO

Европските и американските индекси во пад по одлуката на ФЕД

BiznisPRO

Годишната стапка на инфлација во Германија во ноември беше потврдена на 3,2 отсто

BiznisPRO