Гаспром постави нов рекорд во испораката на гас во Кина

Рускиот енергетски гигант Газпром постави нов рекорд во испораката на гас за Кина преку гасоводот Моќта на Сибир, соопшти денеска руската компанија.

Рекордот е постигнат на 25 ноември, се вели во соопштението за печатот на Гаспом, пренесува ТАСС.

„На 25 ноември номинацијата на кинеската страна за испораки на руски гас преку гасоводот „Силата на Сибир“ повторно беше над дневните договорни обврски. „Газпром“ ги испорача сите барани количества и постави нов историски рекорд на дневни испораки во Кина“. се додава во соопштението на Газпром.

Испораките на гас за Пекинг се вршат во рамките на долгорочниот билатерален договор за купување и продажба на гас меѓу Гаспром и кинеската компанија CNPC.

Можеби ќе ве интересира...

Осцилации на светскиот пазар: По потезите на Кина, цената на нафтата е во пораст

BiznisPRO

Откриена најголемата измама во кинеската историја

BiznisPRO

Суфицит во буџетот на Црна Гора 158,5 милиони евра

BiznisPRO