„Газпром“ планира да ги намали инвестициите за 20 проценти

Рускиот гасен гигант Газпром објави дека размислува за намалување на инвестициите за 20 отсто во текот на 2024 година.

Тоа е знак на тешкотии поради затворањето на европскиот пазар и саботажата на гасоводот Северен тек.

„Вкупниот износ на инвестициската програма на Гаспром за 2024 година ќе изнесува 1.573,6 милијарди рубљи (16,3 милијарди евра)“, се наведува во соопштението на компанијата.

Тоа е за 20 отсто помалку од инвестицискиот план за оваа година (1.965 милијарди рубли), кој веќе беше во голема мера ревидиран надолу ова лето (-14,5 отсто). Намалувањето на инвестициската програма за 2023 година од околу 3,4 милијарди евра веќе се одрази на кревката состојба на финансиите на Гаспром, главниот столб на руската економија, кој речиси две години е цел на западните санкции.

Во првите девет месеци од 2023 година, нето добивката на Гаспром падна на 4,6 милијарди евра, што е пад од 44 отсто во споредба со истиот период во 2022 година. Саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2 во септември 2022 година предизвика речиси целосен превентивен прекин на испораките на рускиот гас во Европската унија, пренесува Бета.

Оттогаш Газпром се обидува да најде нови клиенти, но недостига инфраструктура за транспорт на природен гас во Азија, што е скапо и одзема многу време за изградба. Постои голема неизвесност за руската државна групација, која исто така мора да се справи со големото даночно оптоварување и нема пристап до меѓународно финансирање.

Гаспром, кој има најголеми резерви на природен гас во светот, мора да преземе и проект за проширување на домашната дистрибутивна мрежа на гас. Соочена со сите овие тешкотии, групата, сепак, може да се потпре на зголемувањето на протокот на гасоводот кон Кина „Сибирски Сила 1“, на рускиот Далечен Исток.

Можеби ќе ве интересира...

За 13 минути заработува повеќе отколку што просечниот човек заработува во текот на животот

BiznisPRO

Мајкрософт им ги намали платите на газдите: Погледнете колку се „ниски“ сега

BiznisPRO

Омилениот бренд на Македонците под истрага

BiznisPRO