За 13 минути заработува повеќе отколку што просечниот човек заработува во текот на животот

Основачот на Амазон, Џеф Безос, за помалку од 13 минути заработува повеќе отколку што заработува просечниот човек во текот на животот, покажуваат податоците објавени од магазинот Fortune.

Во 2023 година, богатството на Безос се зголемило од 107 на 177 милијарди долари, што одговара на зголемување на богатството за 191,78 милиони долари дневно или за околу 7,99 милиони долари на час, пренесува порталот Yahoo Finance.

Според податоците од 2023 година, просечниот Американец заработува 1,7 милиони долари во текот на својот работен век, а Безос оваа сума ја заработува за приближно 0,21 час, односно за 12,76 минути.

Амазон е глобален гигант за е-трговија и една од „Magnificent Seven“ американските технолошки компании со најголема пазарна вредност.

Можеби ќе ве интересира...

АКО СТЕ ГО ПОМИНАЛЕ РАБОТНИОТ ЖИВОТ ВО ГЕРМАНИЈА, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ БИДЕ ВАШАТА ПЕНЗИЈА: За 1200 евра пензија треба да работите 40 години и да имате плата со сума

BiznisPRO

Шефот на Мекдоналдс призна: Компанијата беше погодена од бојкотот на Блискиот Исток

BiznisPRO

Се зголемува бројот на СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ во Хрватска: До крајот на април годинава одобрено вработување на повеќе од 70.000 лица

BiznisPRO