Германскиот производител на автомобили ги отпушта сите свои работници

Работите изгледаат лошо за германскиот производител на автомобили Sono Motors и покрај разговорите со потенцијалните инвеститори.

Според германските медиуми, изгледите за склучување животоспасувачки деловни договори се многу мали.

Минхенската компанија, која западна во финансиски потешкотии, минатата година веќе отпушти голем број вработени, а сега, според германските медиуми, и на преостанатите работници им се заканува отказ по објавувањето на стечајот.

Компанијата соопшти дека не може да најде инвеститор и дека и покрај преговорите има мали шанси за брз договор. Затоа е предвидено откажување на договорите за работа на преостанатите работници. Се очекува отпуштањата да стапат на сила во наредните денови.

Соно Моторс првично планираше да го револуционизира пазарот со својот соларен електричен автомобил sion, меѓутоа, планот пропадна. Сега технологијата ќе се продава на други производители на автомобили.

Останува неизвесно како и дали ќе се продолжи со работа во производните капацитети.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот достигна ново рекордно ниво од 71.500 долари

BiznisPRO

На секој што го поминал работниот век овде му паднала секирата во мед: Чистачка во Виена може да смета на пензија од 1.300 евра месечно

BiznisPRO

Пониска цена на црното злато: Денеска нафтата нешто поевтина

BiznisPRO