Германските пиварници во криза

Продолжува кризата на германските пиварници со продажба.

И минатата година, пиварите со вкупно 8,4 милијарди литри продале околу 4,5 отсто помалку пиво отколку во 2022 година, објави заводот за статистика Дестатис.

Така, по благ пораст пред две години, повеќегодишниот тренд всушност продолжува. Главните причини се демографскиот развој во Германија и зголемената популарност на безалкохолните пијалоци.

Продажбата на пиво во Германија е намалена за повеќе од една четвртина од 1993 година.

Извозот со намалување на обемот од 5,9 отсто лани забележа поголем минус од продажбата на пиво на домашниот пазар, која е намалена за 4,2 отсто.

Здружението на пивари ја нарече 2023 година црна година за германската индустрија за пиво.

Според здружението, пиварниците се под притисок на високите трошоци, помалиот интерес на потрошувачите и притисокот на цените од трговците на мало.

Можеби ќе ве интересира...

Паѓаат цените на нафтата: Најниска сума во последните три недели

BiznisPRO

Германскиот гигант прогласи банкрот

BiznisPRO

Стапува во сила „во 5 до 12“: Доаѓањето до работа во Германија е уште полесно – На земјата итно и треба професионална работна сила

BiznisPRO