Грчката влада предложи дополнителни мерки за земјоделците кои протестираат со недели

Грчката влада предложи дополнителни мерки за поддршка на земјоделците кои со недели протестираат поради поскапувањето на енергенсите и поевтината конкуренција.

„Верувам дека можеме да најдеме заеднички јазик, земајќи ги предвид вашите легитимни грижи“, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на состанокот со претставниците на фармерите.

Тој додаде дека од 2019 година земјоделците добиле повеќе од една милијарда евра компензација за посевите оштетени од природни катастрофи.

Меѓу отстапките на грчката влада, меѓу другото, беше и одлуката земјоделците да имаат право на поевтина струја во следните две години.

Земјоделците, пак, по средбата со Мицотакис рекоа дека ќе ги анализираат предлозите пред да одлучат за нивните следни потези.

Можеби ќе ве интересира...

До 25.000 евра квадрат: Нова зграда никнува на Јадранот

BiznisPRO

Секој петти Хрват е во ризик од сиромаштија

BiznisPRO

Азербејџанец има најголема плата во Црна Гора: Еве што работи

BiznisPRO