Индекси на прометот во индустријата, ноември 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември
2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 95.1.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.1 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 14.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.5 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2023 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 100.9, додека во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на периодот јануари – ноември 2022 година,изнесува 102.2.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 101.6.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 42.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.9 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2023 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 98.2, додека во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 102.1.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 93.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 15.1 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2023 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 101.2, додека во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 102.2.

Можеби ќе ве интересира...

Одржана седница на Советот на Народната банка и редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика

BiznisPRO

Големо поскапување на горивата – Ова се новите цени

BiznisPRO

Над 60.000 денари скокна просечната бруто плата во Македонија

BiznisPRO