Индексите на најниско ниво во последните 11 месеци: Кризата на Блискиот Исток создаде хаос на берзите

Кризата на Блискиот Исток создаде хаос на берзите. На азиските берзи цените на акциите во петокот паднаа на најниско ниво во последните 11 месеци, бидејќи инвеститорите стравуваат од ширење на кризата на Блискиот исток и дополнително зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка.

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,8 отсто за околу седум часа и падна на најниско ниво од ноември минатата година.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи се лизна за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,3 и 1,1 отсто.

Азиските пазари го следат вчерашниот пад на Волстрит, втор ден по ред. Dow Jones загуби 0,75 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,85 отсто, а Nasdaq индексот 0,96 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Нов скок на цените: Светскиот пазар забележа пораст на цената на нафтата

BiznisPRO

Во Германија се потешко е да се плаќа во готово – реагираат од Бундесбанката

BiznisPRO

Илон Маск и понатаму на првата позиција: Десетте најбогати луѓе во светот изгубиле речиси 50 милијарди долари во октомври

BiznisPRO