Кина ќе санкционира 5 американски производители на воена опрема како одговор на продажбата на оружје на Тајван, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи.
Во изјавата, тој предупреди дека неодамнешната продажба на американско оружје на Тајван „сериозно го поткопува суверенитетот и безбедносните интереси на Кина и ги загрозува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.
Компаниите кои ќе бидат санкционирани се BAE Systems Land and Armament, Alliant Techsystems, AeroVironment, Viasat и Data Link Solutions.
Кина ќе ги замрзне средствата на овие компании и ќе го забрани нивното работење во Кина, изјави портпаролот на кинеското Министерство.
Минатиот месец Стејт департментот одобри 300 милиони долари за опремување на тактичките информациски системи на Тајван.