фото Бизниспро

КОВАНИЦА ОД 11 ЕВРА ДОЈДЕ НА ПАЗАРОТ: Монетата може да се користи само во една европска земја, а ќе изгледа вака

Владата во Германија одлучи да издаде специјални монети од 11 евра!

Специјалните сребрени монети, тешки 14 грама, ќе бидат издадени во рамките на Европското фудбалско првенство што ќе се одржи во таа земја и ќе бидат пуштени во оптек на 8 мај.

Новите монети ги објави германското Министерство за финансии. На монетата од 11 евра е претставена архитектурата на Олимпискиот стадион во Берлин, каде што ќе се одржи финалето. Во центарот на монетата е поставена голема фудбалска топка околу која се гледаат теренот и неколку аголни знамиња. Монетата е украсена со детали во боите на знамето на земјата домаќин. Од другата страна е прикажан орел.

Ако сакате, можете да платите за стоки или услуги со монета од 11 евра.

– Германските комеморативни евро монети се законско средство за плаќање во Германија во согласност со овој закон – наведува Сојузното Министерство за правда.

Единственото прашање е дали вреди да се плати со оваа извонредна паричка. Можеби ќе има повеќе смисла да се задржи монетата бидејќи има колекционерска вредност.

– Кованите пари со колекционерски квалитет се издаваат по продажна цена што е над номиналната вредност – соопшти Министерството за финансии.

Значи, ако сопствениците плаќаат со монета од 11 евра, тоа е загуба за нив бидејќи платиле повеќе за да ја добијат. Покрај тоа, вредноста на монетата може само да се зголемува со текот на времето, пишуваат германските медиуми.

Монетата од 11 евра веќе може да се нарача преку специјализирани онлајн продавници по цена од 100 евра.

Можеби ќе ве интересира...

КУПИЛ КУЌА ЗА 1 €, НО БРЗО СЕ ПОКАЈАЛ: Настанала голема штета, реновирањето го чинеше цело богатство! Еве за колку подоцна ја продаде

BiznisPRO

Проблеми со продажба на куќи за евра во Италија: Продадени се само две

BiznisPRO

Стрелките одат еден час нанапред, подгответе се за летно сметање на времето

BiznisPRO