фото Бизниспро

Лоши вести од Давос: Сомнително дали годинава ќе се намали каматната стапка

Европската централна банка (ЕЦБ) би можела да им пркоси на пазарните очекувања и да го одложи првичното намалување на каматните стапки во текот на 2024 година, изјави Роберт Холцман, член на Управниот совет на таа институција.

Запрашан за оние кои бараат прво намалување на каматната стапка веќе во април, гувернерот на централната банка на Австрија за CNBC изјави: Се плашам дека тие луѓе, заминувајќи од Давос, ќе бидат длабоко разочарани.

– Не можам да замислам дека допрва ќе зборуваме за кратењата, бидејќи не треба да зборуваме за тоа. Сè што видовме во последните недели укажува на спротивна насока, па можеби нема ни да предвидам никакво намалување оваа година – додаде тој во разговорот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Вкупната инфлација во еврозоната се зголеми на 2,9% во декември, од 2,4% претходниот месец, главно благодарение на цените на енергијата. ЕЦБ таргетира инфлација на 2%.

– Доколку не видиме јасен пад кон 2%, воопшто нема да можеме да објавиме кога ќе ги намалиме каматните стапки – рече Холцман.

Холцман инаку е рангиран како еден од строгите членови на Управниот совет.

Тој, исто така, го истакна „главното прашање“ на геополитичките промени на Блискиот Исток додека војната меѓу Израел и Хамас продолжува и тензиите се разгоруваат.

– Цените на дневна основа можат да растат, но и ризикот од промена на начинот на водење бизнис, структурни промени, кои траат подолго, но имаат и ризик од промени на цените во иднина. Ако и двете се здружат, нашата сегашна перспектива ќе се влоши и ќе биде потребно долго време за да се намалат цените – рече Холцман.

Можеби ќе ве интересира...

Подобро од другите: Apple сега вреди повеќе од 3 познати компании ЗАЕДНО

BiznisPRO

Во изградба е најголемиот соларен парк на Балканот

BiznisPRO

Петте најбогати го удвоиле своето богатство, 60 отсто од населението уште повеќе осиромашиле

BiznisPRO