Лоши вести за Балканците кои би сакале да одат на печалба: Германците повеќе не се подготвени да вработуваат нови работници

Индикаторот кој ја мери подготвеноста на германските компании да ангажира работници падна на 95,5 поени во јануари од 96,5 поени во декември, објавено е на веб-страницата на IFO.

Компаниите прилично се двоумат да вработат нови луѓе, отпуштањата стануваат се поверојатни, рече шефот за истражување на IFO, Клаус Волраб.

Во германскиот производствен и трговски сектор владее песимизам за вработување на нови работници, а од овој тренд не е поштеден ниту услужниот сектор.

Работниците првенствено ги бараат ИТ компаниите и фирмите кои обезбедуваат консултантски услуги.

Германскиот градежен сектор е во криза која се одржува и се воздржува при вработување на кадри.

Во посебна изјава, IFO рече дека германската економија е „заглавена во рецесија“ бидејќи деловното расположение на компаниите во Германија дополнително се влоши во јануари.

Можеби ќе ве интересира...

На Германија ќе ѝ требаат три години за да стане независна од рускиот гас

BiznisPRO

Доаѓа значително зголемување на минималната плата?

BiznisPRO

Откриена грешка при склопување на возилото: Honda повлекува неколку стотици илјади модели Accord и HR-V

BiznisPRO