Најголем пад на цените од 1949 година

Производните цени на комерцијалните производи во Германија во септември паднаа за 14,7 отсто во однос на истиот месец лани.

Ова денеска го соопшти германската федерална статистичка служба Дестатис.

Како што е наведено на веб-страницата на таа организација со седиште во Визбаден, ова е најголем пад на цените на производителите од година во година од почетокот на истражувањето во 1949 година.

Цените на енергијата се намалени на годишно ниво за 35,3 отсто, а особено на електричната енергија за 46,2 отсто.

На годишно ниво, цените на суровините паднаа за 4,2 отсто, а продажните цени на храната се зголемија за 5,5 отсто, особено на шеќерот за 84,7 отсто.

Резултатот е последица на високиот базен ефект од септември минатата година, кога поради војната во Украина, цените пораснаа за 45,8 отсто во однос на септември 2021 година.

На месечно ниво, продажните цени на производителите во септември паднаа за 0,2 отсто во однос на август.

Можеби ќе ве интересира...

БАРААТ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ: Илјадници вработени во банките ширум Шпанија излегоа на штрајк

BiznisPRO

Франција го забранува името месо за растителни производи

BiznisPRO

Познатите производители одлучија: Ќе поскапат најмалку 500 лекови

BiznisPRO