Ненадејно почина уште еден шеф на руски Лукоил – Го критикуваше Путин и зборуваше против војната

Владимир Некрасов, претседател на Управниот одбор на вториот по големина руски производител на нафта Лукоил, ненадејно почина на 66-годишна возраст, откако претрпе акутна срцева слабост, објави компанијата во вторникот.

Лукоил објави дека Некрасов работел речиси 50 години во секторот за нафта и гас. Работел и како прв потпретседател на Лукоил и советник на претседателот на компанијата.

Лукоил не сакаше да ја коментира смртта на претседателот за Ројтерс.

Неговата смрт уследи по смртта на тајкунот Равил Маганов (67), кој падна од прозорецот на елитната Централна клиничка болница во Москва.

Можеби ќе ве интересира...

Сè има цена: Ова се НАЈСКАПИТЕ и НАЈЕВТИНИТЕ градови за живеење во 2022 година

BiznisPRO

Германка откри колку ќе и остане кога ќе ги плати сите режиски трошоци

BiznisPRO

Кинеската компанија го фаќа чекорот со „Тесла“ во однос на продажбата на електрични автомобили

BiznisPRO