Нова функција: Корисниците на WhatsApp наскоро ќе можат да имаат две сметки на еден уред

Ако користите две различни сметки на WhatsApp, наскоро ќе можете да ги користите и двете од само еден уред на полесен начин.

Марк Цукерберг, извршен директор на Мета, во четвртокот објави дека WhatsApp ќе воведе можност за префрлување помеѓу сметки на платформата Android. Оваа опција ќе ви овозможи да избегнете носење два уреди или постојано одјавување и најавување.

Новата функција треба да го олесни управувањето со разговорите низ повеќе сметки. На пример, ако имате една сметка на WhatsApp за деловни комуникации и друга за комуникација со семејството и пријателите, сега ќе ви биде многу полесно да ги користите и двете.

Опцијата се очекува да биде достапна во наредните недели.

Сепак, Мета забележува дека сепак ќе треба да имате посебен телефонски број и SIM-картичка (или телефон што прифаќа повеќе SIM-картички или eSIM) за да поставите втора сметка.

Ќе ви треба и друг телефон или неговата SIM-картичка за да ја добиете еднократната лозинка што WhatsApp ќе ја испрати преку SMS за да пристапите до другата сметка на другиот уред. По оваа првична потврда, апликацијата ќе продолжи да работи за двете сметки без потреба од различен уред или SIM-картичка, изјави портпаролката на WhatsApp.

Мета работи долго време за да го олесни пристапот до вашата сметка на WhatsApp од различни уреди. Минатата година, компанијата воведе функција на повеќе уреди што овозможува користење на сметките на таблети, прелистувачи или компјутери со Android. Тие неодамна ја проширија оваа функција на дополнителни паметни телефони, што повеќе не го ограничува користењето на сметките на еден телефон.

Можеби ќе ве интересира...

Новогодишна промоција за деловните корисници на Телеком

BiznisPRO

БОРБА ЗА ПАЗАРОТ Австралија го зголемува производството на минерали од ретки земји, суровини од витално значење за технологијата

BiznisPRO

Ги сруши сите рекорди: +126 проценти

BiznisPRO