„Ново злато“: Цената на оваа храна скокна до небото

На светско ниво, какаото го собори ценовниот рекорд од 5.874 долари за тон, што е резултат на сушите на плантажите во Западна Африка.

Оваа сума, евидентирана на суровинскиот пазар во Њујорк, е речиси двојно поголема од почетокот на минатата година, објави Би-Би-Си.

Какаото поскапе поради лошата жетва предизвикана од многу ретки врнежи, пред се во земјите кои се два најголеми светски производители – Гана и Брегот на Слоновата Коска.

„Трговците стравуваат од уште една лоша година за производството, а стравувањата ги зголеми Ел Нињо, кој им се заканува на посевите во Западна Африка поради топлото и суво време“, вели аналитичарот Џек Сковил.

Зголемувањето на цената на зрната какао ги зголемува трошоците на големите производители на чоколада, што ќе се одрази и на цената за потрошувачите, забележува Би-би-си.

Производителот на чоколади Херши во четвртокот објави пад на приходите од 6,6 отсто за четвртиот квартал од минатата година, откако граѓаните под притисок на инфлацијата купуваа помалку слатки.

Во декември 2023 година, британското здружение за заштита на потрошувачите „Which? објавија дека цените на некои празнични чоколадни бонбони пораснале за најмалку 50 отсто во споредба со истиот период во 2022 година, додека во ноември цените на чоколадите во британските супермаркети пораснале за 15,3 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот вреди повеќе од 44.500 евра, што е благ пад за повеќето големи криптовалути

BiznisPRO

Светските цени на храната во декември се најниски во последните речиси три години

BiznisPRO

Обидувајќи се да ги задржи клиентите: Мекдоналдс ќе понуди позначаен оброк за 5 долари

BiznisPRO