Од јануари струјата поскапува во Црна Гора

Во Црна Гора струјата од 1 јануари треба да поскапи за 5,63 отсто, изјави директорот на Регулаторната агенција за енергетика Игор Телебак.

Тој изјави дека конечниот процент од поскапувањето ќе се знае во понеделник на 27 ноември по седницата на УО на Агенцијата за енергетика.

Претходно и црногорскиот електродистрибутивен систем поднесе барање до Агенцијата за поскапување на струјата.

Телебак соопшти дека зголемувањето на месечната сметка за домаќинствата со двотарифно мерење ќе изнесува 1,51 евро или 5,63 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Лидл повлекува производ: „Тоа претставува ризик по здравјето“

BiznisPRO

Малопродажниот синџир ја зголеми платата на сите работници за 10 отсто: Работната недела беше укината пред три години

BiznisPRO

ЕБОР е подготвена да биде замаец за економскиот раст на Црна Гора

BiznisPRO