Од први јануари поскапуваат цигарите, некои брендови тоа го сторија предвреме – Во 2024 можеме да очекуваме и мерки за е-цигарите

Цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе поскапуваат секоја година на 1 јануари, согласно измените на Законот за акцизите, кои стапија на сила во октомври.

Цигарите ќе поскапат и до 5 денари по кутија, а Владата, според образложението на законските измени, очекува да има зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно.

„По членот 84 се додава нов член 84-а, кој гласи: Член 84-а: Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3,253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина”, наведено е во законските измени.

Според усвоените измени, поскапувања ќе има до 2030 година, а акцизата на цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче. Ваква одредба имаше и досега, но таа истекуваше годинава.

Меџити најави ригорозни мерки за пушењето во 2024 година: Нека си ја мислат пушачите како понатаму

Ригорозни мерки за пушачите во 2024 година најави минатата недела министерот за здравство, Фатмир Меџити. Одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за загадувањето, кое ги полни болниците и дали треба да има мерки за заштита, министерот Меџити првин рече дека тоа е надлежност на Министерството за животна средина, а потоа сподели момент од денешниот утрински колегиум, кој се однесува на засилени мерки против пушењето.

„Еве, денеска, имав колегиум со службите, го одржуваме секој понеделник наутро. Она што можам да ви најавам е дека ќе има ригорозни мерки за пушењето во 2024 година. Ќе потпишеме протокол со Светската здравствена организација. Е, сега, нека си ја мислат пушачите како понатаму“, рече на почетокот на неделава МЕџити.

И сегашниот Закон за заштита од пушењето предвидува ригорозни мерки, кои исклучуваат можност за пушење во институции, но особено во Скопје речиси и да нема институција што не мириса на чад од цигари. Кафеаните и кафулињата цела година работат во летни тераси, каде што е дозволено пушењето, а има и такви што само декларативно забранија пушење, па не ставаат пепелници на масите, но им кажуваат на гостите отпушоците да ги фрлаат на подот оти поради инспекциите, не смееле да стават пепелници.

Во 2024 се очекуваат и мерки за е-цигарите кои станаа многу популарни меѓу младите.

Можеби ќе ве интересира...

Ковачевски: Нема потреба за активирање на стоковите резерви, немаме недостаток на храна и енергенси

BiznisPRO

Највисока просечна хрватска плата има во Загреб, а еве каде е најниска

BiznisPRO

(ВИДЕО) За 38.000 евра 72 квадрати ЧИСТ ЛУКСУЗ: Овој стан се продава и не е далеку од нас

BiznisPRO