Оваа професија во Германија се плаќа речиси 8.000 евра месечно

Платата на државните службеници во јавниот сектор варира во зависност од нивната класификација во соодветната група на плати и ги зема предвид регионалните разлики во сојузните држави.

На пример, платите се повисоки во Баварија отколку во Берлин поради генерално повисоките трошоци за живот на југот на земјата, пренесува N1.

Еве неколку примери за месечни плати во различни групи на плати: А2: Виш асистент, кондуктер, чувар – бруто плата од 2.216 до 2.511 евра, А7: медицинска сестра, детектив, поправен службеник – плати од 2.538 до 3.201 евро, А9: главен детектив , главна медицинска сестра, медицинска сестра, началник на полиција – плати од 2.897 до 3.754 евра, А12: Државен правобранител, главен полициски инспектор, специјалист наставник, заменик директор, наставник (раководител на основно или средно училиште) – плати од 3.801 до 5.166 евра, А13: Наставник, директор, прв главен детектив – плати од 4.457 до 5.731 евра, А14: доктор, главен лекар, училишен советник, градоначалник – плати од 4.584 до 6.233 евра. Професорите (Д2 и Д3) во уметничките, техничките и педагошките училишта и универзитети заработуваат од 6.085 до 7.756 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Празнична магија во австриската престолнина: варено вино во Виена чини 5 евра, но ќе платите ТРОЈНО ПОВЕЌЕ ако не внимавате на еден детаљ

BiznisPRO

Следува значителен прилив за пензионерите – Колку пари ќе добива секој пензионер за еден календарски месец во периодот што следува

BiznisPRO

Убава вест: Минималната плата ќе биде 20.000 денари, а пензиите ќе пораснат за 7%

BiznisPRO