PayPal отпушта уште 2.500 вработени поради зголемената конкуренција

Компанијата за дигитални плаќања PayPal денеска објави дека ќе укине уште 2.500 работни места, една година откако направи сличен потег.

Тоа е околу девет отсто од работната сила на таа компанија во светот, која добива се поголема конкуренција од ривалите како Apple, Zele и Blok, објави Би-Би-Си.

Персоналот погоден од отпуштањата ќе биде известен до крајот на неделата, соопшти PayPal.

Главниот извршен директор на таа компанија, Алекс Крис, беше донесен минатата година од софтверската компанија Intuit за да помогне да се сврти бизнисот на PayPal, со цел да се зголеми цената на акциите на компанијата, која падна за повеќе од 20 отсто во изминатите 12 месеци.

PayPal ја објави својата прва заработка под нов извршен директор во ноември, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, давајќи им на инвеститорите надеж дека е во тек пресврт.Минатата недела, компанијата лансираше нови производи управувани од вештачка интелигенција, како и функција за плаќање со еден клик.

Британскиот медиум забележува дека најновите кратења на работни места во PayPal доаѓаат откако другите технолошки гиганти укинаа повеќе од 260.000 работни места во последните месеци.
Само во последниот месец, речиси 100 технолошки компании, вклучувајќи ги Мета, Амазон, Мајкрософт, Гугл и ТикТок, укинаа вкупно 25.000 работни места.

Оваа недела Блок, предводен од ко-основачот на Твитер, Џек Дорси, почна да отпушта вработени со цел да затвори 1.000 работни места до крајот на годината. Синдикатот што ги застапува работниците во Google претходно овој месец објави дека е непотребно технолошкиот гигант да отпушти стотици работници ако се знае дека заработува милијарди долари годишно.

Можеби ќе ве интересира...

Од 563 до 1.198 евра: Државна помош ќе можат да добијат лица без постојана адреса

BiznisPRO

Решена е вечната дилема: Дали бојлерот треба да биде нонстоп вклучен? Еве што правите погрешно

BiznisPRO

Збогум: Шишиња Кока-Кола, познати парфеми и виски ја напуштаат Европа?

BiznisPRO