Пократка работа за иста плата: Германија започна со примена на четиридневна работна недела, тестирањето ќе трае ПОЛОВИНА ГОДИНА

Во 45 компании ширум Германија започна имплементацијата на четиридневната работна недела при што ќе се утврдат ефектите од четиридневната работна недела врз платата како што беше во петдневната работна недела. Тестирањето ќе трае половина година.

Иницијативата за четиридневна работна недела ја предводи берлинската консултантска компанија Intraprenor во соработка со непрофитната организација 4 Day Week Global (4DWG). Застапниците за скратување на работната недела се надеваат дека тоа ќе ги направи работниците посреќни и попродуктивни во време кога растот на продуктивноста во Германија е бавен и има недостиг на работна сила.

Според податоците на Централната банка на Германија (Deutsche Bundesbank), врвот на продуктивноста во оваа земја бил во ноември 2017 година и оттогаш континуирано се намалува. Сепак, оваа продуктивност е сè уште далеку повисока од онаа на другите големи европски економии.

Според поддржувачите на четиридневната работна недела и повеќето од оние кои имаа можност да работат четири дена во неделата, тоа ќе ја зголеми благосостојбата на работниците, ќе ги направи попродуктивни. Се верува дека тоа би ги охрабрило оние кои не сакаат да работат бидејќи сметаат дека петдневната недела е предолга за да се вработат. Така, постои можност за ублажување на проблемот со недостигот на работна сила.

Германската трговска и индустриска комора (ДИХК) во ноември 2023 година објави дека половина од германските компании се борат да пополнат работни места. Извршниот директор на ДИХК, Ахим Деркс, истакна дека илјадници непополнети работни места минатата година предизвикале загуба од 90 милијарди евра, што е повеќе од два отсто од БДП на Германија.

Според истражувањето на компанијата Форса, 71 отсто од вработените Германци сакаат да можат да работат четири дена во неделата. Повеќе од три четвртини ја поддржуваат одлуката на Владата да размислува за воведување четиридневна работна недела, а двајца од тројца работодавачи ја поддржуваат и одлуката на Владата.

Значително мнозинство (75 отсто) сметаат дека четиридневната работна недела би била пожелна за вработените, додека 59 отсто сметаат дека тоа би било прифатливо за работодавците. Речиси половина од работодавците (46 проценти) веруваат дека тестирањето на четиридневна работна недела е изводливо на работното место.

Можеби ќе ве интересира...

Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлација од 3,2 отсто

BiznisPRO

Илон Маск и официјално стана сопственик на Твитер

BiznisPRO

Збогум: Шишиња Кока-Кола, познати парфеми и виски ја напуштаат Европа?

BiznisPRO