Повеќето инфлуенсери го прекршуваат правото на ЕУ

Огромното мнозинство инфлуенсери, 80 отсто од нив, во своите објави на социјалните мрежи не признаваат дека рекламираат одредени производи или услуги и со тоа ги прекршуваат законите на ЕУ.

Ова го покажа студијата на Европската унија објавена денеска.

Истражувањето спроведено на 576 инфлуенсери покажа дека речиси сите, поточно 97 отсто, објавуваат комерцијални содржини, но само 20 отсто од нив споменуваат дека се работи за рекламирање, објави Европската комисија (ЕК).

Студијата е спроведена во 22 земји од Европската унија, Норвешка и Исланд, а експертите ги прегледале објавите на инфлуенсерите на социјалните мрежи како Instagram, TikTok, YouTube, X (Twitter), Snapchat и Twitch.

Проблематичните маркетиншки практики укажуваат на важноста на модерното и силно законодавство кое може да им помогне на потрошувачите на интернет, се вели во соопштението на Европската комисија.

Имињата на проверените инфлуенсери не беа соопштени, но беше речено дека 358 од нив ќе бидат дополнително испитани.

Можеби ќе ве интересира...

Индија гради три фабрики за чипови вредни повеќе од 15 милијарди долари

BiznisPRO

Прескокнаа уште еден гигант: Сега се трети

BiznisPRO

Рекордни 893 апликации за стипендии од Семос Академии

BiznisPRO