Преку лажни фирми за трговија со нафта се обиделе да испумпаат 160 милиони денари од УЈП преку поврат на ДДВ

Фирми од кумановско-липковскиот крај се обиделе преку лажни фактури и со поврат на ДДВ до УЈП да испумпаат пари од државниот буџет во вредност од 160 милиони денари или околу 2.6 милиони евра. Измамата не им поминала и државниот буџет не е оштетен со оглед дека ДДВ-то не било исплатено и наместо тоа фирмите добиле засилени контроли од УЈП.

Веднаш по контролите и по влегувањето на инспекторите во компаниите така и се менувала нивната сопственост,па компаниите почнале да добиваат сопственици од Хрватка и Косово. За сите овие компании работело едно исто сметководствено биро.

Една од фирмите имала дејност трговија со нафта. За оваа компанија не постои никаква документација информираше Лукаревска. Сите адреси на кои ја сопствениот ја пријавил компанијата се фиктивни и не постојат. Немал ниту вработени, ниту складиште со нафта а во меѓувреме издавал и фиктивни фактури. Оваа компанија сакала да испумпа 79.350.190 милиони денари

– “За обавување на дејноста, правното лице нема лиценца за обавување на дејност, нема бензинска пумпа, ниту складишен простор за чување на нафтата. Даночниот обврзник издавал и примал фиктивни фактури. Како од правни лица кои се ДДВ обврзници така и од правни лица кои не се ДДВ обврзници“, соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска.

И кај останатите 2 фирми се јавува истата шема. Немаат ниту склад ниту бензиски пумпи. Добавувачите без знаат биле искористени а кон нив биле издавани фактури без тие да се свесни за целокупната ситуација. И во овие случаи има промена на сопственикот каде се јавуваат лица од Косово, а шемата била да се испумпаат пари од буџетот на Македонија преку поврат на ДДВ. Од овие две компании едната прикажала дека треба да им се врати ДДВ во износ од 26.090.205 а другата дека треба да добие поврат од 54.676.727 денари.

– „Во сите случаи има меѓусебна поврзаност од различни аспекти. Упатува на тоа дека е однапред смислена шема, со цел изигрување на законот и стекнување на противправна имотна корист. Од доказите се доставени до истражните органи согласно нивните надлежности. УЈП има доставено писмена пријава до ОЈО и МВР на 15.11.2023 година“, порача Лукаревска, која укажа дека пријава има и Финансиската полиција

Можеби ќе ве интересира...

Недела останува неработен ден

BiznisPRO

Најбарани се ѕидарите, келнерите и столарите: Хрватска е се поатрактивна дестинација за странски работници

BiznisPRO

Паѓаат цените: Гасот во Европа падна под 1.250 долари за илјада кубни метри

BiznisPRO