Број 1 глобалниот вејпинг бренд VUSE ја отвори првата вејпинг зона во East Gate Mall во Скопје. Со оваа зона, VUSE го засилува своето присуство во Скопје, како и во целата земја, ќе им овозможи на посетителите да сезапознаат со сите карактеристики, како и ги да купат сите достапни верзии на VUSE уредите. Сите посетители ќе имаат можност да видат како напреднатата технологија и иновативниот дизајн се спојуваат за да создадат нешто уникатно и извонредно, обезбедувајќи помалку штетна алтернатива од пушењето. Vuse е број 1 глобален вејпингбренд, според уделот на пазарот и првиот глобален вејпингбренд со јаглеродна неутралност. Производите на Vuse се достапни на 33 пазари, со повеќе од 10 милиони потрошувачи ширум светот.
Во новоотворената VUSE зона, потрошувачите ќе дознаат за клучните предности на овие уреди, како што се едноставноста на користење и бројните предности. Меѓу главните предности е отсуството на чад од цигари, значително намалување на непријатниот мирис на кожата, косата и облеката на корисникот, како и во затворените простории каде што производот се користи.