Распишани 4 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, распоредени во 34 региони во 878 катастерски општини

Како министерство, нашата цел, сите овие години е секоја една обработлива земјоделска површина да ја ставиме на располагање за земјоделците и во функција за производство на домашна храна.

Токму во таа насока министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека се распишани четири јавни повици за добивање по закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, рапоредени во 34 региони во 878 катастерски општини. Преку овие четири повици се опфаќа земјоделското земјиште во сите села низ државата, односно повикот опфаќа површини вон градско подрачје.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост се: подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години; подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години; подигање на маслинарници за период до 50 години; одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години; ливади за период до 15 години; за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа нанадморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години и рибници до 20 години.

Јавниот повик бр.01/23 опфаќа 11 региони (Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Кисела Вода и Чаир), со објавени 246 катастерски општини.

Кај вториот Јавен повик бр.02/23 опфатени се 10 региони (Берово, Пехчево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Прилеп, Штип и Велес), со објавени 206 катастерски општини.

Јавениот повик бр.03/23 опфаќа 13 региони (Делчево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Струмица, Пробиштип, Радовиш и Гази Баба), со објавени 344 катастерски општини.

Кај четвртиот Јавен повик бр.04/23 опфатени се 7 региони (Кавадарци, Росоман, Неготино, Валандово, Делчево, Виница и Гевгелија), со објавени 82 катастерски општини. Овој јавен повик се однесува за доделување на земјоделско земјиште на кое веќе има подигнато долгогодишен насад и на кое можат да аплицираат сопствениците на тој насад со цел да го регулираат правото на користење на тоа земјиште.

Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Рокот за поднесување на апликации е 30 дена од денот на распишувањето на јавните повици, а заинтересираните земјоделци повеќе информации за повиците можат да видат на веб страната на министерството, во делот јавни повици https://www.mzsv.gov.mk/ListEvents.aspx?IdLanguage=1&p=1&News=3&IdRoot=1.

Нашата посветеност во остварувањето на поставената цел секоја една педа земја да биде дадена во рацете на земјоделците и да се обработува, ја потврдуваат и резултатите од претходните години, па така во 2023 година преку повеќе огласи на располагање ставивме нови 6.406 хектари обаботливо земјоделско земјиште, додека пак во 2022 година над 14.000 хектари земјоделско земјиште за обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна.

Земјоделското земјиште денес преку една транспарентна постапка, а не преку непосредни спогодби, завршува во рацете на вистинските земјоделци за производство на домашна храна.

Можеби ќе ве интересира...

Просечната цена на земјоделското земјиште во ЕУ е 10.578 евра по хектар: Еве каде е поскапо

BiznisPRO

Германскиот министер за финансии до земјоделците: Нема повеќе пари за субвенции

BiznisPRO

Исплатени 5234 пчелари со вкупна финансиска поддршка од 157.3 милиони денари

BiznisPRO