Растат цените на нафтата на светскиот пазар – „Ризикот останува, можноста за проширување на конфликтот на Блискиот Исток“

Цените на нафтата на светските берзи денеска се во благ пораст.

Порастот на цените дојде откако претходно тие паднаа за повеќе од еден долар.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море се зголеми за 12 центи и сега изнесува 89,77 долари за барел. Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за два центи на 86,68 долари за барел.

Цените на двата вида нафта беа во пораст во текот на изминатата недела поради стравувањата од ширење на конфликтот на Блискиот Исток, но вчера паднаа.

Американскиот претседател Џозеф Бајден утре ќе отпатува за Израел, кој се подготвува за офанзива против Хамас, која може да предизвика хуманитарна криза и да ги зголеми стравувањата од поширок конфликт со Иран.

– Ризикот останува, бидејќи иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Амирабдолохиан предупреди дека можноста за проширување на конфликтот се приближува до фазата од која нема враќање – се наведува во опсервацијата на истражувачката фирма „АНЗ Рисрч“.

Можеби ќе ве интересира...

Лебот, зејтинот и брашното ќе се продаваат по набавна цена, профитната маржа на големо замрзната на 4%, а на мало 3%

BiznisPRO

По 8 март овој град подготвува уште два неработни дена за населението: Можеме ли и ние да направиме нешто слично?

BiznisPRO

Голем пад на цените на нафтата на светските берзи

BiznisPRO