Бензинска во Германија / фото Pixabay

Расте цената на горивата во регионот

Во Црна Гора и Хрватска горивото од денеска поскапува за центи или два, а новите цени ќе важат во следните две недели.

Од полноќ во Црна Гора поскапуваат сите видови горива за два или еден центи, соопштија денеска од Министерството за енергетика и рударство.

Цената на БMB 98 ќе биде 1,52 евра за литар, што е два центи повеќе од досега, а BMB 95 ќе чини 1,48 евра за литар, што е исто така два центи повеќе.
Мазутот ќе се продава за 1,40 евра, два центи повеќе, а еуродизелот за 1,43 евра за литар, што е за еден цент повеќе од досега.
Новите зголемени цени на горивата ќе важат до 16 јануари.

Од денеска и горивата во Хрватска се повеќе од еден до два центи, па основниот бензин чини 1,40 евра за литар, што е зголемување за два центи во однос на претходниот.

Дизелот поскапе за еден цент и исто така ќе чини 1,40 евра за литар.

Можеби ќе ве интересира...

Хрватска повлекува популарно чоколадо

BiznisPRO

Хрватска забрани да се јаде: Се повлекува паштета на познат производител од Словенија

BiznisPRO

Се зголемува бројот на СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ во Хрватска: До крајот на април годинава одобрено вработување на повеќе од 70.000 лица

BiznisPRO