Што би рекле нашите работодавци на тоа: Од јануари минималната саатница во Германија е 12,41 евра

Германската влада донесе одлука за зголемување на законски загарантираната минимална плата за 82 центи, на 12,82 евра на час. Првиот дел од зголемувањето на 12,41 евра стапува на сила во јануари, а вториот дел на почетокот на 2025 година.

Министерот за труд Хубертус Хајл очекувано го потпиша указот за минимална плата според јунскиот предлог на мешовитата комисија на работодавачи и вработени за минимална плата. Вкупниот пораст одговара на стапка од 6,8 отсто. Лабуристичките претставници во комисијата го одбија предлогот и побараа поголемо зголемување, но беа надгласани. Дури и некои политичари од владејачката коалиција не се задоволни од поскапувањето.

Можеби ќе ве интересира...

„Расипан“ банкомат: Клиентите земале колку сакале

BiznisPRO

Познатиот синџир ги затвора продавниците

BiznisPRO

Германската компанија Адидас пријави годишна загуба за прв пат од 1992 година

BiznisPRO