Словенечките електрани мета на хакери

Групата Holding Slovenske elektrarna (HSE) беше цел на сајбер напад ноќта меѓу петокот и саботата.

Ова го потврдија од ХСЕ, додавајќи дека за разрешување на ситуацијата се вклучени сите надлежни стручни служби.

Според нивните уверувања настанот никако не го загрозил производството на електрична енергија во земјава.

Како што објаснуваат од HSE, сајбер нападот се случил ноќта од петок кон сабота и не влијаел на снабдувањето со електрична енергија

Како што објави порталот 24ur.com, хакирани се системите за безбедносен надзор и алармите за пожар, а погодени се и системите на ТЕШ, Дравски електрона и Премоговник Велење.

Можеби ќе ве интересира...

Маск во се поголеми проблеми со Твитер: Директорите си заминуваат, доби ретко предупредување

BiznisPRO

Рекордно зголемување на цените на горивата во Србија

BiznisPRO

Еден грам чини 1.200 денари, а двајца пријатели од Далмација се единствените кои го одгледуваат

BiznisPRO