СТИГНАА БОНУСИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Поради инфлацијата компаниите им исплаќаат на вработените значителни суми

Дури 72 отсто од компаниите во Германија веќе им исплатиле бонуси на своите вработени поради инфлацијата, додека уште 16 отсто од компаниите планираат да го сторат тоа наскоро, покажуваат податоците на Економскиот институт Ifo. Само 12 отсто од компаниите не планираат да плаќаат премии.

Работодавачите имаат право да плаќаат до 3.000 евра без даноци и придонеси на вработените од октомври 2022 година до крајот на оваа година поради поскапувања, пишува магазинот Феникс.

Малите компании сакаат да ги мотивираат своите вработени со вакви исплати на бонус, додека големите компании најмногу ги даваат затоа што тоа го предвидуваат колективните договори, вели Дарија Шалер од Иф, пренесува магазинот Феникс.

Причините за секоја друга компанија се даночните поволности и конкурентноста на пазарот на трудот.

Можеби ќе ве интересира...

Европските и американските индекси во пад по одлуката на ФЕД

BiznisPRO

Кратења во сите сектори: Мајкрософт отпушти илјада луѓе

BiznisPRO

Данска воведува нови даноци

BiznisPRO