Тојота го смени раководството на својата подружница Даихатсу по безбедносниот скандал

ТОКИО – Јапонскиот производител на автомобили Тојота денеска на својата веб-страница објави дека го сменила раководството на својата филијала Даихатсу, по скандалот со безбедносна контрола.

Претседателот на Даихатсу, претседателот на одборот на директори и директорот на таа компанија поднесоа оставки, а одлуката ќе стапи на сила од 1 март.

„Би сакале повторно да им се извиниме на клиентите, добавувачите, дилерите, заедниците каде што се наоѓаат нашите фабрики и многу други засегнати страни за непријатностите“, се вели на веб-страницата на Тојота.

Можеби ќе ве интересира...

Европските берзански индекси претежно растат, нафтата брент над 80 долари за барел

BiznisPRO

Порака Кремљ до европските купувачи „Нема да испорачаме гас бесплатно“

BiznisPRO

Благ пораст на европските берзи

BiznisPRO