Цената на нафтата падна за речиси 3 долари „Ова е неславниот показател за презаситеност на пазарот“

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паднаа за речиси три долари бидејќи инвеститорите реагираа на повисоките испораки во Америка и очекуваниот пад на побарувачката за овој енергетски производ во Кина.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море падна за 2,60 долари или 3,2 отсто и сега изнесува 78,58 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е пониска за 2,65 долари или 3,5 отсто и изнесува 74,01 долари за барел.

– Јасно е дека падот на цената на суровата нафта и слабеењето на структурата го носат неславниот показател за презаситеност на пазарот – потенцира пазарниот аналитичар од компанијата „ПВМ“ Тамаш Варга.

Организацијата на производители и извозници на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предвидуваа можност за помало количество нафта во четвртиот квартал од оваа година, но податоците од Америка покажаа дека залихите се акумулирале.

Управата за енергетски информации на САД соопшти дека залихите на сурова нафта во земјата се зголемиле за ,6 милиони барели, што е многу повеќе од очекувањата на аналитичарите.

Можеби ќе ве интересира...

Со МТЕЛ мобилната телефонија уживајте во премиерите од регионалните хит серии еден месец пред сите останати

BiznisPRO

Кои се најстарите авиокомпании во светот: Меѓу нив е и ЕДНА ОД РЕГИОНОТ

BiznisPRO

Ефектот на поевтината струја: Производните цени во Германија паднаа за прв пат од крајот на 2020 година

BiznisPRO