Утврдени нови цени на горивата

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,222 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,680 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Петте најбогати го удвоиле своето богатство, 60 отсто од населението уште повеќе осиромашиле

BiznisPRO

Кинезите ја укинаа забраната: Првиот руски извоз во Кина по 15 години

BiznisPRO

Кока Кола се пофали со раст на продажбата во Мексико и Германија

BiznisPRO