Виталиа ја доби престижната награда „Stvaratelji za Stoljeca“

Минатиот месец во Дубровник, беше одржан третиот по ред Светски конгрес на претприемачи, каде на Виталиа ѝ беше врачена престижната награда „Stvaratelji za Stoljeca“. Со оваа награда, Виталиа успешно ја заокружи јубилејната 2023 година, во која одбележа и 30 години постоење и производство на здрава храна.
Темата на Светскиот конгрес на претприемачи оваа година беше „Луѓе. Соработка. Развој. Сигурност“, а целта беше да се истакнат добрите примери од брендови и компании кои оставаат белег во општеството и го менуваат светот околу нас.

Добрата работа и постојаниот стремеж за иновација и квалитет станаа препознати и глобално, со уште една награда како потврда за заложбата на Виталиа на потрошувачите да им обезбеди здрава, но и вкусна храна произведена од внимателно селектирани, квалитетни состојки. Компанијата веќе три децении претставува поим за „здрава храна“ во Македонија, но во последните неколку години го прошири и своето влијание глобално, проширувајќи се на повеќе од 60 пазари на 5 различни континенти.

Виталиа ја прими наградата „Stvaratelji za Stoljeca“ наменета за развој на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во средна и југоисточна Европа за 2022/23 година.

Мисијата и целта на доделување на наградите и признанијата „Stvaratelji za Stoljeca“ е оддавање на признание на најзаслужните личности, организации и институции за придонес кон развојот на претприемништвото во средна и југоисточна Европа, како и насочување на вниманието на пошироката јавност на големите визионери и лидери на иднината, чија храброст, работа, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата во која живееме, како и креатор на развојните предизвици за новото време.

Престижното признание доаѓа по период во кој Виталиа покажа силна проактивност за промени и ангажирање на јавноста, преку бројни „зелени“ инвестиции во енергија од обновливи извори, еколошко производство, но и во нови иновативни производи за потрошувачи со специфични прехранбени навики, за да ја заврши годината со првата Виталиа Детска трка, која е најавена дека ќе прерасне во традиција. Сите овие иницијативи помагаат да се промени светот во кој живееме и оставаат добар пример за сите останати.

Можеби ќе ве интересира...

Пост-ковид периодот и високата инфлација – ефекти врз стопанството и банките

BiznisPRO

Се укинува прогресивното оданочувања, Хонорарците нема да плаќаат повеќе од 10% данок

BiznisPRO

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

BiznisPRO