Wizz air доби награда како една од топ 5 најбезбедни нискобуџетни авиокомпании

Скопје, 5 јануари 2024 година: Wizz Air, најбрзо растечката и еколошки најодржлива авиокомпанија во Европа на глобално ниво*, доби награда како една од Топ 5 најбезбедни нискобуџетни авиокомпании во светот од AirlineRatings.com.

Наградата на AirlineRatings Топ 5 најбезбедни нискобуџетни компании во светот им дава признание на авиокомпаниите со флота од над 50 авиони, кои имаат одлична безбедносна култура и ниски стапки на инциденти. При оценувањето, AirlineRatings.com зема предвид сеопфатен опсег на фактори кои вклучуваат сериозни инциденти, неодамнешни фатални несреќи, ревизии од управните и индустриските тела на воздухопловството, профитабилноста, водечките безбедносни иницијативи во индустријата, проценката за обука на стручни пилоти и староста на флотата.

Со наградата на AirlineRatings, Wizz Air го потврдува и своето глобално лидерство во безбедноста, заедно со одржливоста.

Можеби ќе ве интересира...

Двоен шок за глобалната економија: Светска банка предупреди на последиците од конфликтот на Блискиот Исток

BiznisPRO

Британскиот банкарски гигант го прекинува финансирањето на експлоатација на нафта и гас

BiznisPRO

И на крај нагодба: Поради канцерогениот прав – 6,48 милијарди долари

BiznisPRO